Крај на сезоната за Џек Грилиш

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерот на Манчестер сити кој настапува како позајмен во Евертон, Џек Грилиш, најверојатно ќе мора да оди на операција поради фрактура на стапалото, поради што неговата сезона речиси сигурно е завршена. Ова го потврди тренерот на Евертон, Дејвид Мојс.

Ваквиот развој на настаните претставува голем удар за 30-годишниот фудбалер и неговите надежи за настап со англиската репрезентација на Светското првенство.

„Веруваме дека Џек Грилиш најверојатно ќе мора да оди на операција. Иако сè уште не е сто отсто потврдено, повредата речиси сигурно го исклучува од терените до крајот на сезоната“, изјави Мојс, за Грилиш, за кого многумина сметаа дека со добри настапи може повторно да се наметне кај англискиот селектор Томас Тухел.

Грилиш имаше одличен старт во дресот на Евертон, забележувајќи четири асистенции на првите два настапи во Премиер-лигата, но потоа неговата форма значително опадна. Последниот настап за репрезентацијата на Англија го имаше во октомври 2024 година, на натпреварот против Финска.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×