500
Лацио стави крај на серијата од 11 победи на Аталанта, „бјанкочелестите“ сепак има за што да жалат откако примија гол во финишот и мораа да се задоволат само со бод.
Лацио и Аталанта одиграа 1-1 на „Олимпико“, гостите во финишот од мечот се спасија од пораз и стигнаа до бод со кој пак се на првото место во Серија А.
Домаќините беа подобар противник во првиот дел и поведоа со голот на Деле-Баширу во 27. минута од мечот.
Аталанта одговори во вториот дел, притискаше до самиот крај и во 88. минута Брешанини изедначи на 1-1 откако Заниоло одлично го проигра Колашинац и ја исфрли одбраната на Лацио.