Крај на сагата: Реал Мадрид се договори со УЕФА

by Стефан
1 минути читање

Сагата околу европската Суперлига се приближува до крајот откако Реал Мадрид, последниот клуб што остана вклучен во неуспешниот проект и УЕФА денеска објавија договор со кој ќе помогнат во решавањето на нивниот правен спор.

„УЕФА, Европските фудбалски клубови и Реал Мадрид постигнаа договор во интерес на европскиот клупски фудбал“, се наведува во заедничкото соопштение на Реал Мадрид и УЕФА.

„Овој договор за принципите ќе послужи и за решавање на нивните правни спорови поврзани со европската Суперлига, откако тие принципи ќе бидат спроведени и имплементирани“, се додава во соопштението.

Во заедничката изјава се посочува дека договорот се темели на „почитување на принципот на спортски мерит-систем со акцент на долгорочната одржливост на клубовите“, како и на „подобрување на искуството на навивачите преку употреба на технологија“.

Минатата недела шпанскиот шампион Барселона го потврди повлекувањето од Суперлигата, која беше лансирана во 2021 година од 12 клубови, но брзо се распадна под притисок на навивачите и институциите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×