311
По 13 години во белиот дрес на Реал Мадрид, Лука Модриќ денеска се збогува со кралскиот клуб, мечот против ПСЖ беше последен за него.
Модриќ сигурно сакаше да се збогува со подобар резултат, но денешниот дебакл на Реал Мадрид нема да го избрше она што тој го оствари со кралскиот клуб.
Хрватскиот фудбалер во Реал Мадрид пристигна во 2012 година, а оттогаш освои шест трофеи во Лигата на шампионите, четирипати беше шампион на Шпанија, ги освои и сите други трофеи кои можеше да ги освои.
Модриќ од Реал Мадрид си заминува како една од најголемите легенди во историјата на клубот.
Се очекува во наредните денови да стави потпис на договор со Милан каде ќе ја продолжи кариерата.