Крај на долгиот пост: Алиоски е првиот Македонец со гол во Премиерлигата по 22 години (ФОТО)

by
1 минути читање

Лидс и Њукасл
одиграа возбудлив натпревар со седум погодка, домаќините славеа со 5-2 а еден
од стрелците беше и нашиот Езгјан Алиоски. Популарниот Џани погоди на пет
минути пред крајот и го постигна својот деби погодок во најсилното првенствто
на Англија.

Со ова беше
ставен крај на долгиот пост од 22 години, Езгјан Алиоски стана првиот Македонец
по Ѓорѓи Христов (1998 година) кој се запишал во листата на стрелци во
Премиерлигата.

Интересно и тој
гол падна на „Иланд роуд“, тогаш Ѓорѓи Христов во дресот на Барнли ја затресе
мрежата на Лидс.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×