Најатрактивната фудбалерка во светот, Алиша Леман беше мета на крадци, таа на социјалните мрежи се пошегува дека следниот пат тие ќе треба и да исчистат малку зошто таа има опсесивно-компулсивно растројство.
Алиша Леман, која важи за најатрактивната фудбалерка во светот, по неуспешната авантура во Јувентус, реши да остане во Италија и да потпише за Комо.
Таа често знае на социјалните мрежи да објави фотографии од прекрасните пејзажи, но сега се пожали дека нејзиниот дом бил ограбен.
Фудбалерката од Швајцарија исто така ја искористи оваа прилика за да се пошегува малку на своја сметка.
„Следен пат кога некој ќе ми го ограби домот, барем да земе и да исчисти малку бидејќи имам опсесивно-компулсивно растројство“ – напиша Алиша Леман.
