Екс-германскиот репрезентативец, Кевин Курањи се соочил со вистинска драма во својот дом каде што го дочекале двајца крадци.
Како што самиот изјави тој се вратил од роденденска забава кога го забележал запаленото светло во вилата.
„По доаѓаето во домот затекнав запалено светло и бев изненаден. Тогаш видов и некои предмети кои беа расфрлани, па веднаш знаев дека нешто не е во ред. Кога викнав крадците скокнаа од терасата и побегнаа, трчав по нив, но не ги стигнав“, изјавил 43-годишиот Курањи за „Билд“.
Крадците во домот на Курањи влегле преку подрумот, а си заминале до предмети во вредност од 150.000 евра.
„Украдоа и два часовници кои мојата ќерка ги доби од својата баба. Тоа најмногу ме боли“, се пожали некогашниот репрезентативец.
Кариерата ја заврши како фудбалер на Хофенхајм, но најголемата трага ја остави во Шалке за кој на 162 натпревари во Бундеслигата постигна 71 гол.