863
Фудбалскиот клуб Кожуф ги стартува подготовките за втората полусезона во ВМФЛ.
Гевгеличани под водство на новиот тренер Славчо Георгиевски ги стартуваа припремите за пролетниот дел од сезоната. Тимот тренираше на својот терен во Гевгелија каде што ќе се одвиваат подготовкитет.
Освен Георгиевски кој ја презеде клупата, најавени се и неколку промени во тимот како и нови засилувања. Исто така во Кожуф шанса ќе добија и најдобрите младинци од клупската школа.
Есенскиот дел од сезоната Кожуф го заврши на деветтата позиција со 22 бода.