Ковачиќ: Возбуден сум што сум во Челси, ќе го дадам најдоброто за клубот

by
1 минути читање

Ковачиќ во новата сезона ќе го носи дресот на Челси, тој доаѓа од Реал Мадрид на едногодишна позајмица.

„Навистина сум среќен и возбуден што сум тука во Челси. Чувството е неверојатно. Ќе се обидам да го дадам најдоброто за овој клуб. Ова е нова лига за мене, почетокот секогаш е тежок но сигурен сум дека тренерот и моите нови соиграчи ќе ми помогнат да имам одлична сезона“, вели Ковачиќ.

Како дел од големата зделка во која Ковачиќ дојде во Челси, е и трансферот на Куртоа во Реал Мадрид. Синоќа сините го промовираа и голманот Кепа кој стана најскапиот чувар на мрежата во светот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×