Костакурта објаснува како е да се игра на „Маракана“ во Белград

by
1 минути читање

Маракана во Белград вечерва ќе биде исполнета до последното место, картите веднаш пламнаа, Црвена звезда по долго време повторно е дел од Лигата на шампионите, а прв гостин им е Наполи.

Во интервју за „Газета дело Спорт“, Костакурта се сеќава како било на Маракана кога тој гостувал таму во 1988 година.

„Се сеќавам на полицијата која имаше страшен поглед и ги движеа пендреците на застрашувачки начин“, вели Костакурта.

„Не направија ништо погрешно, но чувството останува во мене. За време на прославата бев каснат од куче“.

„Има нешто поинакво на тој стадион, атмосферата е жешка уште на загревањето“.

„Има кажав на соиграчите дека цела Маркана станува како еден тим, и мислам дека тоа е токму така“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×