Косово се жали до УЕФА за начинот на кој српските фудбалери ја прославуваа победата над Португалија

by
1 минути читање

Косовската фудбалска федерација преку соопштение најави дека ќе се жали до УЕФА за однесувањето на српските фудбалери.

„ФФК ќе поднесе жалба до УЕФА во врска со постапките на српските фудбалери кои по мечот со Португалија носеа маици со иредентистички и националистички натписи“, се вели во соопштението.

Според косовските медиуми во пријавата ќе се потенцираат истакнувањето на националистичките симболи на маиците, песните кои се пееле и покажувањето три прста.

Проблематична за нив била песната „Весели се српски роде“, а за маиците имаат забелешка дека на нив се наоѓа територијата на Србија заедно со Косово во неа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани