Косово победи во Литванија (ВИДЕО)

by riste
2 минути читање

Косово со 2-1 победи на гостувањето кај Литванија во меч од третото коло во Лигата на нации од Група 2 во зоната Ц.

Косово поведе уште во 20. минута со гол на Жегрова. 14 минути подоцна Литванија се израдува на погодок, но ВАР им го поништи поради офсајд.

Во 65. минута Красничи зголеми на 2-0 за Косово, а на шест минути до крајот Литванија успеа само да го намали резултатот со гол на Голубикас за конечни 2-1.

Косово има две победи и еден пораз по првите три кола, Литванија е со три порази. Во оваа група се уште и Романија и Кипар.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани