Косово игра во голема форма, ја победи и Чешка (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Помина и четвртото коло од квалификациите а Косово се уште не знае за пораз, денеска ја победи и Чешка, има осум бодови и се наоѓа во одлична позиција за освојување на второто место во групата каде што Англија би требала без проблеми да финишира како прва.

Чешка поведе на мечот во Приштина со гол на Шик во 16. минута, но само четири минути подоцна Мурики го изедначи резултатот на 1-1. Во 67. минута Војвода реализираше за комплетен пресврт и победа за Косово од 2-1.

Ако Косово ја продолжи оваа форма и успее да се пласира на Европското првенство преку квалификациите, тогаш нема да игра против Македонија во полуфиналето од Лигата на нации. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×