Кошмар за семејството на Вертонген, им влегле дома, им се заканувале со нож и ги ограбиле

by
1 минути читање

Полицијата потврди дека маскирани мажи влегле во куќата на Вертонген и украле голем број на предмети пред да заминат.

Инцидентот се случил на 10 март во вторник додека Вертонген беше во Германија каде со Тотнем играше меч од Лигата на шампионите против Лајпциг.

„Им даваме поддршка на Јан и неговото семејство во овој ужасен и трауматичен период за нив“, изјави портпаролот на Тотнем.

Полицијата го потврди случајот и соопшти дека истрагата е во тек.

„Полицијата беше повикана на адреса NW3 во 19:49 на 10 март на пријава за кражба. Полицајците отидоа на местото, беше пријавено дека четворица маскирани мажи, вооружени со ножеви насилно влегле во имотот и украле голем број предмети пред да заминат. Никој не е повреден. Осомничените го напуштиле местото пред да пристигне полицијата. Нема апсење, истрагата е во тек“, стои во соопштението на полицијата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×