Кошмарно деби за Деле Али во калчото: Заигра по две години и доби црвен картон за десет минути! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Подзаборавениот англиски ас Деле Али конечно доби шанса да заигра во тимот на Комо, откако некое време беше на проба во тимот, а потоа доби и договор.

Англичанецот влезе во завршницата од мечот меѓу Милан и Комо при негатива на неговиот тим од 2-1. Сепак, неговото деби во калчото беше кошмарно бидејќи доби црвен картон по само десет минути на теренот на „Сан Сиро“.

Деле Али од зад грб го згазна Рубен Лофтус Чик на мускулот, а судијата Маркети прво му покажа жолт картон. Потоа доби повик од ВАР собата и ја смени одлуката.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани