Алваро Арбелоа ептен лошо тргна на клупата на Реал Мадрид, загуби на гостувањето кај второлигашот Албасете со 3-2 и доживеа елиминација од Купот на Шпанија.
Ако по утрото се познава денот, Арбелоа нема да трае многу во Реал Мадрид, но има време да се променат работите, сепак стартот е многу лош.
Албасете поведе со гол на Виљар во 42. минута, во судиското продолжение од првиот дел Мастантуоно го изедначи резултатот на 1-1.
Реал Мадрид напаѓаше да постигне втор гол, но тој падна во нивната мрежа кога Бетанкур реализираше за 2-1 за Албасете.
Во првата минута од судиското продолжение Гонзало Гарсија даде гол за 2-2. Тогаш се чинеше дека Реал Мадрид се извлече, но не беше така.
Бетанкур во 94. минута даде уште еден гол, овојпат за победа на Албасете од 3-2.