Кошчиелни во војна со Арсенал, Французинот направи промени на својот „Инстаграм“ (ФОТО)

by
1 минути читање

Лорен Кошчиелни
сега ги користи социјалните мрежи за „конфронтација“ со својот клуб Арсенал, 33
годишниот фудбалер постави страничен поглед веднаш до акаунтот на Арсенал кого
го тагна во неговата биографија на „Инстаграм“.

Французинот исто
така ја промени својата профилна фотографија и постави друга на која тој е со
капитентската лента на тимот од Лондон.

„Дејли Мејл“
пишува дека Топчиите веќе почнале дисциплинска постапка против својот фудбалер
кој се обидува да издејствува клубот да му дозволи да си замине и да се пресели
во својата родна земја, и тоа на една година пред истекот на неговиот договор
со Арсенал.

Истиот медиум
пишува дека очекувањата се најпрво на Кошчиелни да му биде одземена
капитенската лента во Арсенал, а веднаш потоа да биде префрлен во тимот на
Арсенал за фудбалери до 23 години, состав со кој тој треба да тренира.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×