Лидерите на УЕФА, предводени од претседателот Александер Чеферин денеска и утре во Амстердам меѓудругото дискутираат и за моментот со коронавирусот.
Најдоцна до утре ќе биде познато какво влијание ќе има коронавирусот врз мечот меѓу Македонија и Косово и останатите завршни натпревари од Лигата на Нации кои треба да ги донесат последните патници на Европското првенство.
За утре е зажана ждрепката за новата сезона од Лигата на нации.
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино не ја отфрла можноста дури и за одложување на Европското првенство, иако не верува дека тоа нема да се случи.
„Не можеме ништо да отфрлиме, но не треба да креваме паника. Лично јас не сум загрижен, но треба сериозно да го следиме развојот, сепак не треба да регираме прекумерно. Се надеваме дека нема да дојде до степен да треба да ги откажуваме настаните ширум светот“, вели Инфантино.
Поради коронавирусот трпи распоредот во Серија А каде се одложуваат мечевите во Северна Италија каде што е најголемото жариште на оваа болест во Европа.
Европското првенство носи патувања на многу навивачи низ различни земји, па се стравува дека доколку не се промени ситуацијата со коронавирусот, Европско првенство може и да нема оваа година.