Коронавирусот ќе го суспендира и првенството на Шпанија?! Федерацијата свика итен состанок

by
1 минути читање

Властите во
Шпанија оваа недела наредија следните две кола од Примера и Секунда да се играат
без публика, но некои сметаат дека ваквата мерка е преблага. Асоцијацијата на
фудбалери повика првенството да биде суспендирано, потег каков што веќе беше
повлечен во Италија, а неколку клубови се приклучија на иницијативата.

Последните
информации велат дека Фудбалската федереција на Шпанија исто така е за
суспензија на следните две кола, па свика итен состанок на
кој ќе присуствуваат и преставници на Ла Лига и Асоцијацијата на фудбалери.

Ла Лига во
моментов се противи на вакво сценарио и инсистра првенството да продолжи
согласност препораките на Владата, односно да се игра пред празни трибини.

Средбата ќе се одржи
утре со почеток во 12 часот, федерацијата има право да го суспендира
првенството но сака сите три страни да постигнат договор. Доколку бидат суспендирани
следните две кола, сезоната во Шпанија треба да продолжи на 5. април. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×