Серија А не саше
да игра пред празни трибини, па поради коронавирусот одложи десетина
натпревари. Но лидерите на најсилната лига во Италија немаа друга опција откако
Владате нареди сите спортски настани да се играат без публика во период од 30
дена.
Простор за одложување
нема, па натпреварите ќе се играат зад затворени врати. Ваквата мерка ќе
направи сериозен минус, според пишувањата на Република, клубовите ќе загубат
околу 30 милиони евра од продажба на билети во следниот период, односно до 3. април.
Доколку забраната
остане до крајот на сезоната, проценките велат дека клубовите ќе останат покуси
за околу 110 милиони евра. Оваа бројка ќе скокне до 150 милиони евра ако во
предвид се земе дека Јувентус, Аталанта, Наполи, Рома и Интер имаат дуели и во
европските натпреварувања.
Штетата веројатно
ќе бидат поголема, спонзорите и комерцијалните партнери можат да си побараат назад дел од милионите кои ги плаќаат, бидејќи и тие се ставени во незавидна ситуација поради празните трибини.