Коронавирусот и фудбалот: Сите одлуки на УЕФА

by
2 минути читање

УЕФА денеска
имаше состанок преку видеоконференција со Асоцијацијата на клубови (ЕКА),
Асоцијацијата на првенства (ЕЛ), Асоцијацијата на фудбалери (ФИФПро) и 55-те
земји членки.

Тема на разговор
беше како фудбалот да се справи со епидемијата на коронавирус и спсензијата на
првенствата ширум Европа. Се дискутираше за различни сценарија и едногласно беа
донесени серија одлуки

Ова се одлуките
за националните тимови:

Бараж мечевите за
ЕВРО 2020 кои требаше да се играат во март 2020, се одложени за репрезентативната
пауза во јуни 2020, со можност да се одреди нов датум во зависност од
ситуацијата.

Европското
првенство, кое требаше да се одржи од 12. јуни до 12. јули 2020, е одложено за
11. јуни – 11. јули 2021 година со цел да биде голем фудбалски спектакл.

Третото и
четвртото коло од квалификациите за ЕВРО 2024 во јуни 2021 се одложени за
некој подоцнежен датум.

Финалето од
Лигата на нации, завршницата од ЕВРО У21 и Европското првенство во женска
конкуренција, кои требаа да се играат во јуни и јули 2021 година, се одложени и
ќе се одиграат на датум кој треба дополнително да се одреди.

Клубовите ќе
мораат да ги ослободат играчите кои ќе добијат повик од националните тимови за
сите одложени натпреварувања.

Ова се одлуките
за клубовите:

Сите првенства и
купови треба да ја комплетираат сезоната до 30. јуни. Ова ќе важи само
доколку ситуацијата се подобри.

Можни промени на
распоредот, првенствените натпревари да се играат преку недела, додека
натпреварите од ЛШ и ЛЕ за викенд.

Доколку сезоната
заврши по 30. јуни, за местата во Лигата на Шампиони и Лега Европа можат да се
земе во предвид распоредот на табелата до овој датум.

Ќее се формира
работна група составени од претставници на УЕФА, првенствата и клубовите за да
се состави нов календар.

Втора работна
група составена од преставници на УЕФА, првенствата, клубовите и играчите ќе ги
дискутира еконосмките и финансиски последици од суспензијата поради
коронавирусот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×