Коронавирусот го поништи ефектот на Роналдо, акциите на Јувентус загубија преку 30% од својата вредност

by
0 минути читање

Кога ЦР7 направи
трансфер во Јувентус, акциите на клубот веднаш рипнаа. Сепак ефектот на Кристијано
Роналдо сега е поништен од коронавирусот.

Заразата која ја
зафати Италија и направи хаос во Калчото со одложување на натпревари и играње
без публика, имаше негативно влијание врз тргувањето со акциите на Јувентус.

Тие загубија
преку 30% од својата вредност (неколку стотици милиони евра) и сега се на
нивото од јули/август, токму пред да се официјализира преселбата на Кристијано
Роналдо во Торино.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×