„Кориере дело Спорт“: Тонали преферира трансфер во Интер, наместо Јувентус

by
1 минути читање

Фудбалерот од
средниот ред на Бреша, Сандро Тонали, според информациите кои ги пренесе „Кориере
дело Спорт“, преферира трансфер во Интер, повеќе отколку трансфер во Јувентус.

Првиот човек на
Бреша, Масимо Челино јавно нагласи дека првично би сакал Тонали да остане во
Италија, но желба му е да го види во дресот на Наполи или Рома, меѓутоа се чини
дека 19 годишниот фудбалер има поинаква замисла за неговата иднина.

Интер и Јувентус
се клубовите кои се чини дека се најзагреани за услугите на Тонали, чија
вредност на трансфер пазарот изнесува околу 50 милиони евра, иако постојат
можности цената да падне поради кризата со коронавирусот.

„Кориере дело
Спорт“ известува дека Интер е подготвен да понуди 30 милиони евра, а
дополнително на Бреша ќе и понуди некој од помладите фудбалери од својот тим,
дополнително, италијанскиот весник тврди дека Интер е во предност во однос на
Јувентус за Тонали благодарение на нивниот „технички проект“.

Како и да е, се
шпекулира дека понудите помеѓу обата клуба би биле слични, но фудбалерот ќе
биде тој што ќе го има последниот збор.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×