Тун Копмајнерс сака само трансфер во Јувентус, Холанѓанецот ги одбил сите понуди од Премиерлигата и веќе се договорил со „старата дама“.
Јувентус ќе има нов лик на средниот ред во сезоната 2024/25, во Торино веќе пристигна Даглас Луис, а пред потпис е и Кефран Турам.
Последното парче од сложувалката е Тун Копмајнерс од Аталанта, и се чини дека ова е најтешката зделка.
Но „старта дама“ доби ветер во грб откако Холанѓанецот ги одбил сите понуди од Премиерлигата, и неговиот агент си подал рака со спортскиот директор Кристијано Џинтоли за плата од 4,5 милиони евра по сезона, плус бонуси.
Па сега Јувентус треба да ја најде правата формула со Аталанта за реализирање на зделката.
Почетните позиции се прилично далечни, Јувентус смета дека понудата од 40 милиони евра е фер цена, додека пак „неро-аѕурите“ од Бергамно бараат најмалку 60 милиони евра.
Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.