Копенхаген добро се испоти за да го завери двомечот со Вардар

by
1 минути читање

Копенхаген на гостувањето кај Жилина победи со 3-1 и сите помислија дека приказната околу патникот за следното квалификациско коло е решена.

Прогнозите се остварија, но Жилина пружи сериозен отпор и малку фалеше да направи изненадување.

Словачкиот тим поведе уште во 19. минута со гол на Отубањо, по три минути игра во вториот дел Вербич изедначи од пенал на 1-1.

Во 58. минута Жилина преку Каса дојде до ново водство, и фалеше само гол за да ја анулира негативата од првиот меч. Напаѓаше до последната минута, но Копенхаген успеа да одолее.

Копенхаген ќе игра против Вардар во следното квалификациско коло, но вечерва покажа дека е ранлив, што е добар знак за македонскиот шампион.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани