Копа Америка сепак ќе се игра, КОНМЕБОЛ назначи нов домаќин

by
0 минути читање

Одржувањето на Копа Америка беше доведено во неизвесност откако предвидените домаќини Колумбија и Аргентина на две недели пред почетокот отпаднаа. Колумбија беше откажана од безбедносни причини, откако избија големи нереди во земјата по протестите против претседателот Иван Дуке, а Аргентинa поради голем број заразени лица со ковид-19.

КОНМЕБОЛ реагираше брзо и донесена е одлука Бразил да биде домаќин на Копа Америка.

Владата на Бразил експресно го одобри барањето од Фудбалската конфедерација на Бразил за одржување на големиот фудбалски турнир.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани