Копа Америка остана без домаќин

by
1 минути читање

Челниците на
Конмебол ќе мораат да пронајдат нов домаќин за Копа Америка, од причина што на
две седмици пред самиот старт на тоа натпреварување нема ниту еден домаќин, а беа откажани и двата предвидени, Аргентина и Колумбија.

Колумбија беше откажана од безбедносни причини, откако избија големи нереди во земјата по протестите
против претседателот Иван Дуке, а Аргентине поради голем број заразени
лица со ковид-19.

Од
јужноамериканската фудбалска федерација се одзваа со соопштение во поглед на
ситуацијата, а во истото наведоа дека се анализираат понудите од други земји
кои прикажале интерес да бидат домаќини на турнирот, со тоа што деталите ќе
биде познати наскоро.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани