В сабота во Лесковац ќе се сретнат селекциите на Србија и Албанија, а пред овој натпревар се огласи контроверзниот албански навивач кој стана познат по внесувањето на знаме од „Голема Албанија“ со дрон во 2014 година, Исмаил Моринаа.
Сега тој тврди дека натпреварот кој ќе се игра е наместен од властите на двете земји.
„Натпреварот кој се оигра на 8 октомври 2015 година помеѓу Албанија – Србија беше однапред договорен, со одлука на Владата која кажа како дуелот треба да заврши. Бев неутрализиран поради причини за „ред и мир“, а всушност тоа беше евтин театар на власта. Сега, нов натпревар против Србија и повторно се одлучува однапред како треба да заврши.
Властите во Тирана и Белград не само што го одредиле резултатот, туку и текот на натпреварот. Мислат дека сè им е под контрола, но длабоко во себе знаат дека ништо не контролираат. Тие се потсмеваат со љубителите на спортот од двете земји, претворајќи го овој натпревар во театарска претстава.
Ги повикувам сите играчи, а особено капитенот на репрезентацијата: „Немојте да бидете дел од овој срам. Од вас зависи дали сакате да го зачувате интегритетот, прво како луѓе, потоа како професионалци или саката да ја продададе душата. Одлуката и изборот е ваш“, гласи неговата порака.
Ќе потсетиме, Фудбалскиот сојуз на Србија за овој натпревар не пушти билети во слободна продажба.