Контроверзија на „Ел Мадрилењо“, дали голот на Брахим Диаз требаше да биде поништен? (ВИДЕО)

by bojan
2 минути читање
Винисиус, Реал Мадрид, Алетико Мадрид,

Реал Мадрид славеше со 2-1 против Атлетико Мадрид во првиот натпревар во осминафиналето во Лигата на шампионите, но и на ова градско дерби имаше контроверзен момент.

Популарното „Ел Мадрилењо“ секогаш е исполнето со тензија и контроверзии, а така беше и синоќа во првата пресметка помеѓу Реал и Атлетико во осминафиналето во Лигата на шампионите.

Спорен е голот на Брахим Диаз со кој „кралевите“ на крајот славеа со 2-1, во моментот на шутот, Винисиус Жуниор е во офсајд позиција и го блокира видното поле на голманот Јан Облак.

„Винисиус е во офсајд и стои на метро ипол пред Облак. Голманот на Атлетико не може да ја види топката бидејќи Бразилецот е непосредно пред него. Немам сомнеж, голот требаше да биде поништен. Ова не е грешка на судијата, проблем е тоа што не беше добро советуван од ВАР собата“ – вели Павел Фернандез, кој за Марка правеше анализа на судиските одлуки.

Сепак, има и такви кои сметаат дека голот е регуларен.

„Проблем е тоа што целата ситуација се анализира од една фотографија и перспектива. Винисиус е во движење, тој практично се трга од голот, а топката се движи кон подалечната статива, каде Облак нема шанси да ја фати. Во моментот кога Брахим шутира, Облак се фрла, но не може да одбрани. На социјалните мрежи се води дебата поради една фотографија, која не ја доловува целата слика“ – вели поранешниот судија Итуралде Гонзалез.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани