Конте: Желбата е да се пласираме во нокаут фазата, но со Барселона нема да биде лесно

by
1 минути читање

Интер утревечер
на домашен терен ја пречекува Барселона во последното коло од групната фаза во
Лигата на шампионите, Каталонците веќе обезбедија место во нокаут фазата, а „Нероаѕурите“
со идентичен број бодови со Борусија Дортмунд влегуваат во „фото-финишот“ од
оваа фаза.

„Нероаѕурите“ се
во подобра положба од „Милионерите“ во однос на меѓусебните дуели, меѓутоа
Германците се тие кои се чини дека ќе имаат лесна задача против Славија Прага
на домашен терен.

Како и да е,
тренерот на Интер, Антонио Конте јасно посочи дека против Барселона нема да
биде лесно, станува збор за противник кој ќе игра без никаков протисок, а тоа
може да донесе проблеми за неговиот состав.

Сакаме да
продолжиме во ова натпреварување, со фудбалери на кои им треба искуство
“ рече
Конте.

Барселона
останува една од четирите или пет екипи кои секогаш почнуваат во ова
натпреварување со желба да го освојат истото, тие имаат цврст и доста силен состав,
веќе обезбедија место во нокаут фазата, тоа значи дека ќе можат да играат без
никаков притисок и дека би можеле да ни направат проблеми
“ додава искусниот
италијански фудбалски стратег.

Со
тоа, ништо не се менува, треба да одиграме добар меч, да дадеме се
од
себе, знаејќи дека можеби и тоа не би било доволно, живееме за овој ден, сакаме
да продолжиме понатаму, меѓутоа ова нема да биде лесно, потребен ни е
ентузијазам, дури и притисок
“ заклучи Конте.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×