Конте стави крај на шпекулациите за Диего Коста

by
1 минути читање

Минатата недела Конте го избрка Диего Коста од тренинг бидејќи фудбалерот сакаше да замине во Кина за богата понуда.

Челси ги одби налетите на кинезите, а Диего Коста се врати во тимот и постигна гол во дуелот против Хал.

„Диего Коста има уште две години од неговиот договор со Челси. И мислам дека договорот става крај на шпекулациите“ – вели Конте.

„Ќе повторам дека тој е среќен да остане во Челси. За нас е многу важно да биде фокусиран на сегашноста“.

„Не знам дали ќе му биде понуден нов договор. Тоа е одлука на клубот“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани