Антонио Конте потврди дека Квича Кварацхелија побарал да биде продаден во јануари, тренерот на Наполи порача дека нема да стави вето на еден ваков трансфер и додаде дека е разочаран од ваквиот развој на настаните.
Наполи ќе остане без важен играч во продолжението од сезоната, Антонио Конте потврди дека Квича Кварацхелија побарал да биде продаден.
„Кварацхелија побара да биде продаден, разговарав со момчето и ми потврди дека сака трансфер“ – вели тренерот на „наполитанците“.
„Разочаран сум, шест месеци се обидував да го убедам и да му покажам дека е центарот на овој проект, но очигледно џабе беше целиот тој труд“.
„Немам намера да ги врзам со синџир оние кои не сакаат да бидат тука, па ситуацијата сега треба да ја решат клубот, играчот и неговите агенти“.
„Овој пат нема да ставам вето на трансферот, го сторив тоа летоска бидејќи мислев дека можам да го убедам момчето да го одбере проектот кој го почнавме. Очигледно не успеав во ова“.