Елиф Елмас би можел да биде стартер на утрешниот натпревар помеѓу Наполи и Спортинг во Лигата на шампиони, но Македонецот ќе добие нова улога и настап како десен бек.
Наполи има сериозни повреди во одбраната пред пресметката против Спортинг, Бонџорно и Рахмани се повредени, Оливера и Спинацола се под голем знак прашалник, Ди Лоренцо е суспендиран, додека пак Марианучи не е пријавен за настап во Лигата на шампиони.
Па Антонио Конте размислува да му даде нова улога на Елиф Елмас, и Македонецот да игра како десен бек.
„Спинацола и Оливера тренираат индивидуално, но ќе им дадеме шанса до последен момент“ – вели тренерот на Наполи.
„Ќе бараме решение доколку не се опорават. Доколку имате идеја, слободно дајте ми предлог“.
„Дури и да сакам да ја променам формацијата (да игра со петмина во последниот ред), не можам да го сторам тоа бидејќи имаме само двајца централни дефанзивци на располагање“.
„Една опција е Елмас да игра како десен бек, ќе почекаме и ќе видиме каков ризик да преземеме“.
ФОТО: X/Official SSC Napoli