Интер и Јувентус одиграа одличен натпревар кој им припадна на гостите. Еден од главните адути на Конте, Сенси поради повреда уште во текот на првото полувреме го напушти мечот.
„Мислам дека пред се повредата на Сенси не измести, го загубивме нашиот начин на игра. Второто полувреме не го почнавме добро, но потоа мечот стана рамноправен и било кој тим можеше да постигне гол“, вели Конте.
„Јувентус го постигна голот, тие ја покажаа сета своја тешка артилерија во нападот, сето нивно искуство во тоа како да контролираат ваков натпревар. Не можам да се пожалам од моите играчи, тие дадоа се од себе, но како и претходно што велев, имаме долг пат пред нас додека го стигнеме нивото на Јувентус во поглед на искуство и менаџирање на натпреварот“.
„Ја видов статистиката и беше многу изедначена, тие можеа да постигнат голови, можевме и ние. Двата тима имавме шанси, но искуството и квалитетот на голем клуб ја направи разликата. Ние продолжуваме да работиме“.