420
Антониот Конте потпиша нов двегодишен договор со Челси кој не го продолжува неговиот престој на Стемфорд Бриџ, бидејќи минатото лето кога пристигна во Лондон потпиша тригодишен.
Во новиот договор подобрени се само финансиските услови на италијанскиот стратег.
„Многу сум среќен што потпишав нов договор со Челси. Минатата сезона работевме екстремно напорно и освоивме нешто неверојатно на кое сум горд. Сега мора да работиме уште понапорно за да останеме на врвот“ – вели Антонио Конте.
„Навивачите на Челси ми даваат многу поддршка откако пристигнав тука и важно е што продолжуваме заедно“.