Конте посакува двајца фудбалери на Реал Мадрид

by
1 минути читање

Еден Азар е мета на Реал Мадрид кои имале позитивни разговори со неговиот агент. Марка пишува дека фудбалерот веќе почнал да учи и шпански.

Но во нотесот на Антонио Конте е Хамес Родригез, доколку Челси не може да го задржи Азар, ќе инситира како дел од неговиот трансфер во Реал Мадрид да го добие колумбискиот фудбалер.

Но, тоа не е единствената желба на Антонио Конте. Челси го сака и напаѓачот на Реал Мадрид, Алваро Мората кој и покрај тоа што е ефикасен кога ќе добие шанса, натпреварите ги почнува од клупата за резерви.

Без разлика на формата, Бензема има загарантирано стартно место кај Зидан, и се чини дека Мората што и да направи не може да ги промени работите.

Шпанскиот напаѓач повторно сака да замине од Бернабеу, а Челси е лидер во трката.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани