Италијанецот во својата прва година на кормилото на Челси успеа да му ја
донесе титулата од Премиерлигата на клубот од Стемфорд Бриџ.
Но на почетокот од авантурата на „Островото“ стратегот имаше одредени
проблеми.
Челси освои само десет бода од шест натпревари, и доживеа два тешки порази
од Ливерпул и Арсенал.
Но потоа се случи пресврт во сезоната, Антонио Конте ја промени формацијата
и почна да игра со 3-4-3.
Новиот систем и новата тактичка поставеност почна да носи победи, дури 13
во низа, и Челси се промовираше во сериозен кандидат за титулата.
„Искрено оваа одлука ја промени нашата сезона” – рече Конте по вчерашната победа
над ВБА со која Челси стана нов шампион на Англија.
„На почетокот од сезоната го намавме потребниот баланс”.
„По два тешки
порази против Ливерпул и Арсенал, сакав да ја променам формацијата и да
пронајдам систем кој подобро ќе му одговара на мојот тим”.
„На ум постојано
ја имав оваа идеја да играме со тројца во одбрана и 3-4-3 формација, знаев дека можам да направам ваква
промена поради карактеристиките на играчите, и верував дека овој систем ќе ни даде поголема
стабилност“.