Антонио Конте во
денешната изјава за медиумите во Англија рече дека неговиот тим мора да даде
максимум од себе доколку сака да се избори за одбрана на титулата од ланската сезона,
притоа издвои дека дури шест екипи ќе се борат за титулата во Премиерлигата.
„Очекувам шест
клуба во Англија да се борат за титулата, ова е нормално во овој шампионат,
секој може да победи секого, и оваа сезона ќе биде тешко за сите…“ издвои
тренерот на Челси.
Како еден од
претендентите за врвот во Премиерлигата, италијанскиот стратег го посочи и
Евертон, кој беше мошне активен ова лето на трансфер пазарот, а притоа го врати
во тимот и Вејн Руни.
„Мислам дека
Евертон ќе биде многу тежок противник, имаат навистина одличен состав, го имаат
Куман на клупата, тој е одличен тренер, сигурен сум дека ќе сакаат да одат
чекор понапред и да се борат за врвот“ додаде Конте.