Наполи синоќа со 2-0 беше поразен на гостувањето кај Манчестер Сити во меч кој повеќе од 70 минути го играа со фудбалер помалку.
Џовани Ди Лоренцо доби црвен картон во 21 минута по старт како последен играч врз Ерлинг Халанд. Оттогаш се сменија работите. Брзо потоа Конте одлучи да го извади Де Брујне од тактички причини.
„Останавме со горчлив вкус во устите бидејќи ова е разочарување. Го подготвивме мечот на начинот на кој игравме во првите 20 минути, а потоа црвениот картон го уништи натпреварот“, рече Конте.
„Нема да кажам дали тоа беше исправна одлука или не, бидејќи не видов добро, но против Манчестер Сити е тешко да се игра 11 на 11, а не па со играч помалку“.
„Но и покрај тоа задоволен сум од односот на моите играчи, мислам дека на Сити му беше екстремно тешко да игра против нас. Но кога сте со 10 играчи 70-80 минути, невозможно е да издржите“.
Конте го објасни вадењето на Де Брујне.
„Судбината понекогаш може да биде сурова. Минатата сезона имавме само еден црвен картон во Серија А. Сега тука имавме еден по 20 минути игра. Вадењето на Де Брујне беше единствената работа која можев да ја направам во тој момент. Жал ми е за него, загубивме на квалитет во мечот и му ја одземавме шансата да игра тука против својот клуб на поранешниот стадион, но тоа беше единствениот избор“.