Конте: Ни треба време, сега не можеме да се споредуваме со Јувентус

by
1 минути читање

Интер синоќа со 2-0 го загуби дербито против Јувентус, а со тоа полека ги губи и шансите за Скудетото.

„Беше израмнето додека го примивме голот. Второто полувреме го почнавме многу подобро од нив, но голот на Ремзи промени се, пред се психолошки. Ја зголеми нивната самодоверба, ја намали нашата, и ние не успеавме да се вратиме“, вели Конте.

„Разликата меѓу нив и нас ако не го броиме заостанатиот меч со Сампдорија би била шест бодови. Тоа се двата порази од нив во меѓусебните дуели“.

„Јувентус е тим кој осум години по ред станува се посилен и посилен засилувајќи се со фудбалери кои имаат големо искуство и трофеи зад себе“.

„Нашиот проект почна пред само седум месеци и ние се обидуваме да го дадеме најдоброто од себе, но не можеме да се споредуваме со тим кој доминирал во италијанскиот фудбал осум години. Ние треба да бидеме подобри од нашата претходна сезона“.

„Мора да го градиме проектот, цигла по цигла, година по година, за да дојдеме до ниво на искуство, квалитет и карактер кои ги има Јувентус. Мислам дека и сите други се многу далеку од Јувентус во моментов“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×