Конте нема по добро да го памети враќањето во родниот град, Интер се сопна кај Лече (ВИДЕО)

by
1 минути читање

2020 лошо започна за Интер. „Нероаѕурите“ минатото коло ремизираа против Аталанта и го испуштија насловот есенски шампион, а денеска следуваше нов кис, па Јувентус вечерва може да отиде на +4.

Антонио Конте нема по добро да го памети враќањето во родниот град, неговите избраници се лизнаа против Лече и одиграа само 1-1. Интер доминираше во првиот дел, креираше неколку добри шанси, Брозовиќ ја погоди и стативата, но Габриел не беше совладан. На спротивната страна, во последните секунди, судијата досуди пенал во корист на Лече за играње со рака на Сенси, но по прегледување на повторените снимки и ВАР, ја преиначи одлуката.

Интер беше подобар противник и во вториот дел и конечно успеа да го скрши отпорот на Лече во 71. минута. Нововлезениот Бастони скокна највиско по една нафрлена топка и погоди за 0-1.

Сепак, во 77. минута Лече го шокираше фаворитот. Бастони задоцни со блокот и му овозможи на Манкосу да реализира за 1-1.

Победник немаше ниту на останатите два натпревари од 15 часот, Бреша и Каљари одиграа 2-2, а 1-1 беше и на пресметката помеѓу Болоња и Верона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×