Италијанскиот стратег, Антонио Конте според најавите од Апенините и наредната сезона ќе ја води екипата на Наполи.
Се споменуваше Конте како опција за Јувентус ако Тудор не го продолжи договорот кој го потпиша до крајот на сезоната, но и како можна замена за Консеисао на кого не му оди баш најдобро во Милан.
Но, како што стојат работите Коне донел одлука и во наредната сезона да биде на клупата на Напли.
„Газета“ истакнува дека неговото останување не зависи од исходот на сезоната во Серија А каде што Наполи во овој момент се наоѓа на втората позиција и води битка со Интер за Скудетото.
Ќе потсетиме, Конте во кариерата веќе одработи еден мандат во Јувентус и тоа во период од 2011 до 2014 година.
Во кариерата ги предводеше уште: Интер, Арезо, Челзи и Тотнем, а еден период работеше и како селектор на италијанската репрезентација.