Конте не стравува од интересот на Реал за Азар но предупредува: Шпекулациите можат да му влезат во глава на играчот

by
1 минути читање

Во последно време
се почесто се говори дека Реал Мадрид по крајот на сезоната ќе го направи Еден
Азар новиот „Галактико“, се најавува дека „Кралевите“ се подготвени да платат
100 милиони фунти.

Антонио Конте
вели дека ваквите стории се нормална работа во фудбалот, интересот на Реал е
комплимент за нив, но предупредува дека шпекулациите можат да му влезат во
глава на играчот и да креираат проблем.

„Во моментов Азар
е играч на Челси“
– вели Италијанецот.

„Ние сме среќни
со него, тој е среќен со нас, не гледам никаков проблем“.

„Во овој дел од сезоната често се појавуваат шпекулации, ова е составен дел од фудбалот и прилично нормално. Да, тие често знаат да му влезат во глава на
играчот и да креираат проблем, но имаме големо
искуство во справување со вакви ситуации“.

„Тоа што играчите
на Челси се мета на друг клуб значи дека јас добро си ја вршиме работата а фудбалерот прикажува одлични партии“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани