„Газета дело Спорт“ денеска пишува дека Милан го посакува Конте за нов тренер, за наследник на Џенаро Гатузо кој можно е да биде сменет по крајот на сезоната без разлика дали тимот ќе избори пласман во Лигата на шампионите.
Но, Милан не е единствениот клуб кој го сака Конте, тој се поврзува и со Рома и Интер, но се шпекулира и за враќање во Јувентус.
Интер одигра лоша сезона во Европа, но е стабилен на третата позиција во Серија А. Се велеше дека Бепе Марота ќе го убеди Конте да биде тренер на нероазурите, но може да се случи и да остане Лучијано Спалети.
Рома му нуди богат договор на Конте, тие во моментов го имаат Раниери, но во него гледаат привремено решение за до крајот на сезоната.
Конте се поврзува и со враќање во Јувентус доколку Масимо Алегри замине од Торино.
Се очекува еден од овие четири клубови да дојде до потписот на Конте, бидејќи Италијанецот преферира да се врати во својата земја, останува само да видиме кој ќе победи во трката.