174
Италијанецот сакаше да го донесе Алекс Сандро од Јувентус како засилување за левата бековска позиција, Челси најпрво понуди 60 милиони евра, а потоа ја зголеми понудата и на 70 милиони.
Но „Старата Дама“ одби да го продаде Бразилецот.
Па Антонио Конте сега преку Немања Матиќ сака да му се реваншира на својот поранешен клуб.
Се верува дека Србинот е прва желба на Јувентус за засилување на средниот ред, и веќе се договори со играчот.
Но „Бјанконерите“ не сакаат да ја платат сумата која ја бара Челси.
Самиот играч побара од „Сините“ да ги намалат барањата, но Антонио Конте останува на ставот дека за ангажман на Немања Матиќ се потребни 45 милиони евра.