Диего Коста неодамна јавно го нападна Антонио Конте велејќи дека тој како личност е најлошиот тренер со кој работел, а сега Италијанецот го возврати ударот.
Двајцата беа заедно во Челси една сезона во која ја освоија Премиер лигата, а потоа Диего Коста замина.
Коста рече дека Конте е добар тренер, но како личност е најлош. Никогаш не се смее, не верува никому, мисли дека знае се, секогаш намуртен затоа што веројатно немал доволно секс дома…
На синоќешната прес-конференција на Наполи, Конте беше прашан за обвинувањата на Диего Коста.
„Не сакам да си ја трошам енергијата за тоа. Во фудбалот постојат интелигентни и глупави луѓе, јас нема да трошам енергија читајќи ги овие вторите. Коста за мене играше една сезона. Можам да зборувам за фудбалот, ние ја освоивме титулата, а тој во таа една сезона трипати бараше да си оди“, рече Конте.