34
Наполи вчера го победи Милан со 2-0 на Сан Сиро и се зацврсти на врвот во Серија А, Ромелу Лукаку беше стрелец на еден од погодоците.
По заминувањето од Рома, желбата на Лукаку беше јасна, сакаше преселба во Наполи и повторно да работи со Антонио Конте.
Напаѓачот имаше понуди од разни места, од големи клубови во Премиерлигата, богатите Саудијци му нудеа огромни пари за да се пресели кај нив, но тој сакаше да игра за Наполи и на крајот стигна до таму.
„Ромелу Лукаку одби понуди од Премиерлигашки клубови и чекаше до август за да се пресели во Наполи“, вели Конте.
„Тој силно сакаше да работи со нас и тоа е фантастично. Тој е одлично момче и врвен фудбалер“.