148
Давид Луиз го
изгуби местото во тимот откако под знак прашалник ја стави тактиката на Антонио
Конте по поразот од 3-0 во дуелот со Рома во Лигата на шампионите.
И додека
медиумите од Англија се почесто шпекулираат дека стратегот кренал раце од
Бразилецот и тој ќе си замине во јануари, Еден Азар на социјалните мрежи покажа дека има
преголема доверба во својот соиграч, па му дозволи да изиграва бербер.
„Новиот бербер во
Кобам, морате да му верувате на семејството. Одлична завршена работа Давид
Луиз, но ве молам, не го правете ова дома!” – напиша Белгиецот на Инстаграм.