147
Антонио Конте
потврди дека ќе се врати следната сезона, италијанскиот фудбалски стратег вели
дека ќе седне на клупата на екипа со ‘проект кој ќе го убеди’,
а нема дилеми дека таа екипа би имала големи амбиции.
Конте е без
ангажман откако си замина од Челси минатото лето, беше поврзуван со Интер, Рома
и Милан во изминатиов период, исто се споменуваше и враќање во Јувентус, но,
засега тие најави остануваат на ниво на шпекулација.
„Се уште не знам
каде ќе бидам следната сезона“ рече Конте.
„Но, дефинитивно
ќе одберам екипа која има проект кој ќе ме убеди да ја водам“ додаде
Италијанецот.