Конте ќе го чини Интер скапо, стратегот си кажал каква плата бара, познато е и обесштетувањето за Спалети

by
1 минути читање

Првиот човек на
„нероаѕурите“ Стивен Жанг и директорот Бепе Марота веќе кројат планови за
наредната сезона и се очекува летоска на Џузепе Меаца да пристигне нов тренер. Според пишувањата
на „Газета дело Спорт“ веќе е остварен информативен разговор со Антонио Конте,
кој е прва желба на Интер.

Весникот вели
дека стратегот побарал плата од 10 милиони евра за да го превзеде кормилото на „Џузепе
Меаца“, сума која му била ветена од Роман Абрамович откако со Челси стигна до
титулата во Премиерлигата во 2017.

Со вакви примања,
Антонио Конте би станал најплатениот тренер во Серија А, во моментов на врвот е
Макс Алегри, кој од Јувентус добива плата од околу 7 милиони евра.

Евентуалното
пристигнување на Антонио Конте прилично скапо ќе го чини Интер со оглед на тоа
дека ќе треба да му се исплати обесштетување на Лучано Спалети, кој има договор
до 2021. „Газета дело Спорт“
вели дека Интер ќе треба да одвои 25 милиони евра за компензација на Лучано
Спалети и неговиот тренерски персонал за предвремен прекин на соработката.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×